Шумски пожари во југозападна Франција
Шумските пожари и денеска беснеат во југозападна Франција, при што се уништени 16 домови, изгорени се 6.000 хектари површина, а речиси 6.000 луѓе мораа да се евакуираат од областа веќе погодена од големи пожари минатиот месец.
Франција, како и остатокот од Европа, се справува со топлотни бранови и суша предизвикани од пожарите низ целиот континент во изминатите два месеца.
Според локалните власти пожарот сега се прошири во департмантот Ландес, каде се ангажирани 500 пожарникари.
Департманот Жиронд во југозападна Франција беше погоден од два шумски пожари во јули, кои уништија повеќе од 20.000 хектари шума и доведоа до евакуација на речиси 40.000 луѓе.
Пожари беснеат и во други делови на земјата, во јужните департмани Лозере и Авејрон, каде веќе изгореа речиси 600 хектари површина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација