Свет
15. December 2022 - 8:25

Шуткина: Во градот Доњецк утринава најмасовно гранатирање од 2014 година досега

Градот Доњецк утрово беше подложен на најмасовното гранатирање од 2014 година, соопшти заменик – шефот на претставништвото на т.н. Народна Република Доњецк (ДНР) во Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата за воени злосторства во Украина, Наталија Шуткина.

Според неа, врз градот биле истрелани 40 ракети „Град“ и биле погодени централните области.

Моментално работиме на утврдување на штетата, која е многу голема, бидејќи регионот е густо изграден, истакна Шуткина.