-->
-->
Шведска останува енигма за Македонија
-->
Шведска и со драстично ослабен состав е преголем залак за македонската ракометна репрезентација. Иако капитенот Кире Лазаров и пикерот Стојанче Стоилов имаа завидна минутажа на вечерашниот дуел, сепак „викинзите“ беа селекцијата која на крајот славеше лесна и убедлива победа со двоцифрена разлика, 32-20.
Селекторот на Македонија, Данило Брестовац им даде можност за настап на повеќето ракометари, но брзината, дисциплината во нападот и малиот број грешки беа адутот на противничката селекција. Кај Македонија одбраната не функционираше на потребното ниво, ако не се земат предвид неколкуте одбрани на Митревски и посебно на Томовски во вториот дел.
Левото крило Хампус Ване беше најекспонираниот шведски ракометар кој и задаваше најголеми маки на нашата селекција уште во првото полувреме.
На средината на првиот дел имавме нерешено 9-9, оттука серијата на Шведска одеше до 14-9 и постојано „жолто-сините“ беа во предност.
Полувремето го добија со 16-11, со шесте гола на Ване и четирите на Лазаров (3 од пенал дотогаш).
Во второто полувреме, Шведска засили уште повеќе, па за десетина минути имаше превисоки 24-14, за на крајот конечни 32-20.
Кај Македонија најпрецизен беше Кире Лазаров со 5 гола, а Ване со 11 погодоци беше најефикасен кај Шведска.
Поповски, Пешевски, Танкоски, Стоилов и Костески погодија по двапати за нашата репрезентација, а Персон со 6 и Дарј со 4 гола допринесоа во победата на Швеѓаните.
За 2 дена Македонија игра против домаќинот Египет, а Чиле ќе и се спротистави на Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми