Си-Ен-Ен: Потребно е квалитена проверка дека изборите во САД беа регуларни

Она што сега ни е потребно, тоа е „квалитетна проверка“ дека се било регуларно со изборите, оценува Си-Ен-Ен, откако пред една недела прв пат беше изразено сомневање во гласачкиот процес за претседателските избори во три сојузни држави на САД - Висконсин, Пенсилванија и Мичиген.
Според оваа американска телевизиска компанија, тоа не значи дека се става под сомнеж изборната победа на републиканецот Доналд Трамп, но повеќе американски медиуми сметаат дека работите мора да се проверат, особено што уште пред изборите постоеја реални сомнежи за хакерски упади, како и стравување дека руски хакери би можеле да се замешаат во гласањето.
Во овие три сојузни држави не се гласаше со уфрлање на ливче во гласачки кутии, туку преку специјални компјутерски гласачки машини и во сите три неочекувано победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Комјутерски експерти, претходно, изразија сомнеж дека гласачките машини биле хакирани.
Тие сепак велат дека во овој момент, нема докази оти имало хакирање и дека победата на Трамп во овие сојузни држави е резултат само на таквиот упад.
Заложбите на американските медиуми за контрола, доаѓаат по соопштението на Џил Стејн, кандидат на Партијата на зелените на претседателските избори, дека обезбедила средства за проверка и пребројување на гласовте во Висконсин, каде рокот за приговори истекува денеска.
Во оваа држава, Трамп победи само со 22 илјади гласови повеќе или со разлика од еден отсто.
Пред изборите сите прогнози навестуваа сигурна победа на Хилари Клинтон во Висконсин, каде на последните седум изборни циклуси редовно победуваат демократите.
Претставник на изборната комисија во државата изјавил дека „не гледа причини за сомневања“, но потврдил дека комисијата е подготвена за детална контрола, која, според него, би претставувала „случај без преседан“.
Доколку се покаже точно сомневањето за хакирање и се поништи гласањето, Трамп би загубил десет електорски гласови, што нема да ја изменат вкупната позиција на двајцата кандидати.
Ситуацијата може да се измени само ако истата постапка утврди хакирање и врз гласачките машини во Пенсилванија и во Мичиген.
Изборниот штаб на Клинот засега не ги коментира сомнежите на експертите и на медиумите, како ни иницијативата за проверка на Џил Стејн.
Нема никаков коментар ниту од Трамп, кој пред гласањето на 8 ноември, предупредуваше дека нема да ги признае изборите, доколку не победи.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
