Loading Video...
Фудбал
19. May 2022 - 19:52

Силекс го брани куп трофејот против Македонија ЃП

Финалето на националниот фудбалски куп закажано за утре во 18ч е предизвик за секој клуб за секој фудбалер. Силекс и Македонија ЃП  се екипи кои имаат традиција во оваа натпреварување и затоа љубителите на фудбалот можат да очекуваат интересен и неизвесен натпревар на националната арена Тоше Проески. 
Трофејот е еден а желбите две.  Победата во финалето значи и нов трофеј во витрините на екипите од Кратово и Ѓорче Петров но и настап во Конференциската лига во наредната сезона. 
Фаворитската улога е на страната лавовите  како прволигаши додека искуството може да биде предност за Кратовци кои го освоија купот минатата сезона. 
Силекс утре ќе го игра петтото финале и досега успеа три пати да го подигне големиот пехар на ФФМ. Единствениот пораз е од ФК Вардар во 1995г.  Кратовци и минатата сезона покажаа дека знаат да играат вакви натпревари кога по изведувањето на пеналите беа подобри од  Академија Пандев. 
За Македонија ЃП ова ќе биде четврто финале и досега имаат само една титула во националниот куп.  Во двете финалиња  во кои беа поразени загубија по изведувањето на пеналите и тоа од Работнички и Академија Пандев. 
Затоа и многу респект од двете страни кон противникот пред утрешното финале. Силекс доминираше во втората лига Запад и е првиот второлигаш кој ќе игра куп финале додека екипата од Ѓорче Петров е во извонредна серија резултати во првенството и купот што сигурно ветува добар и квалитетен натпревар со многу возбудувања пред двата гола.  Повредени и казнети играчи нема па се очекуваат најдобрите состави да се појават на националната Арена, утре петок во 18ч.