Loading Video...
Фудбал
5. October 2022 - 18:20

Силекс ја оствари единствената победа на гостинските екипи во 1/8 финалето на Купот на Македонија

Попладнево беа одиграни средбите од осмна-финалето во фудбалскиот Куп на Македонија.
 
На шест од седумте натпревари победи остварија домашните екипи, а честа на гостите ја спаси Силекс кој славеше во Кавадарци
Минатогодишниот финалист и победник на купот на Македониоја од пред две сезони, кратовски Силекс е единствениот тим кој забележа победа на гостински терен во осминафиналната рунда на ова натпреварување. 
Силекс во Каварадци го победи Тиквеш со 1-0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Марјан Ристовски.во 82 минута, доволен кратовци да се пласираат во четвттфиналната рунда. 
 
На останатите шест натпревари каде победи остварија домаќините постигнати беа следниве резултати: 
 
ТИКВЕШ - СИЛЕКС 0 – 1 
СТРУГА Т.Љ. - РАБОТНИЧКИ 2 – 1 
ВАРДАР - ФОРТУНА 4 – 0 
А. ПАНДЕВ - ЉУБОТЕН 9 – 0 
БРЕГАЛНИЦА - ПЕЛИСТЕР 1 – 0 
ШКУПИ - ВОСКА 6 – 0 
ШКЕНДИЈА - СКОПЈЕ 5 – 0 
 
ПОБЕДА - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.   ќе играат на 19 октомври