Свет
4. April 2024 - 8:31

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, јавува EMSC. Земјотресот е регистриран во 12:16 часот по локално време.

 Потресот се почустувал во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

 Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на околу 40 километри под земја.