Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по КОВИД-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот. Искрено посакувам и очекувам, 2026 година да биде насочена кон создавање поповолна и поконкурентна бизнис-клима што ќе резултира со стабилен раст и подобар стандард за граѓаните, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска - Давкова пред врачувањето на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година што го доделува Сојузот на стопански комори (ССК) под нејзино покровителство.
Претседателката напомена дека наградите не се случаен подарок, туку логична последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, во современи техники и технологии.
-Препознаваме, афирмираме и наградуваме вредности како стандард, квалитет, одговорност и посветеност. Наградите потврдуваат дека успехот е резултат на визија, истрајност, знаење и храброст. Компаниите што ги наградуваме ги персонифицираат зрелоста и потенцијалот на македонското стопанство да креира одржливи модели на раст, да генерира иновации и да одржува динамична, но стабилна бизнис клима. Нивната адаптибилност кон променливите услови, нивната способност да ги надминуваат предизвиците и да останат доследни на високите стандарди и критериуми за квалитет дури и во тешки околности, ги издвојува како вистинска движечка сила на економскиот и општествениот напредок, потенцира Сиљановска - Давкова.
Како што истакна во обвраќањето, ррезултатите што ги постигнале најдобрите компании се јасен доказ дека македонското стопанство располага со капацитет за конкурентност, иновативност и прогрес.
-Тие покажуваат дека во амбиент во кој се негува стабилна и предвидлива бизнис клима, вложен труд и знаење, неминовно прераснуваат во триумф. Нивниот пример сведочи дека доследноста, истрајноста и решителноста да се остане посветен на борбата за повисок квалитет, водат кон поголема продуктивност, кон отворање нови можности и создавање долгорочна перспектива. Овие успеси имаат повеќеслојно значење. Тие не се сведуваат само на висината на остварениот профит, туку подразбираат додадено знаење, иновативност, поттикнување и негување на претприемачкиот дух, како и придонес кон општото добро и благосостојбата Секоја наградена компанија не е само изолиран, уникатен индивидуален успех, туку е темел за идни слични и поголеми успеси и нови дострели, инспирирани и потпрени на претодхните, нагласи претседателката.
Пред присутните се обрати и претседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски.
-Македонското признание за квалитет е симбол на високи стандарди, професионалност и визија за одржлив развој на нашето стопанство. Во современиот и силно конкурентен свет, квалитетот повеќе не е извор, туку неопходност. Значи доверба кај потрошувачите, стабилност на компаниите и долгорочна конкурентност на националната економија, подвлече Ѓорѓиевски.
Според него, компаниите што денеска ги добиваат наградите се пример како преку континуирано унапредување, иноваци и вложување во човечкиот капитал може да се создаде додадена вредност и позитивно влијание врз општеството.
-ССК останува силен поддржувач на сите иницијативи кои го поттикнуваат квалитетот, примената на меѓународните стандарди, дигитализацијата и зелената транзиција. Нашата цел е да создадеме поволна деловна клима во која македонските компании ќе можат успешно да се развиваат, да извеузват и рамноправно да се натпреваруваат на регионалните и глобалните пазари, истакна Ѓорѓиевски.
Признанија добија 11 компаниии.
МИА
Ново на Сител
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
-

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни, политичарите достоинствено да опстојат на македонските интереси
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
