Македонија
4. July 2024 - 12:36

Сиљановска во посета на ГШ на Армијата

Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска-Давкова утринава е во посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. 

По официјалниот пречек пред Министерството за одбрана, Сиљановска оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и раководните лица во Министерството за одбрана.