-->
-->
„Син портокал“ - нова продукција на Велешкиот театар
-->

Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес започна со подготовки на својата втора продукција од Годишната програма на театарот за 2017 година, која е поддржана од Министерството за култура.
Станува збор за постановка на драмскиот текст „Син портокал“ на светски познатиот британски автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.
- „Синиот портокал“ е саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21-виот век. Во центарот на пиесата се двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, појаснува режисерот Ивановски.
Воедно, неговата постановка во Велешкиот театар е и праизведба на македонската театарска сцена.
Во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов.
Според најавата од Ивановски, премиерната изведба на претставата „Син портокал“ се планира за крајот на март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
