Бизнис
15. April 2021 - 21:16

Синдикатите го креваат гласот

Отпуштени работници, намалени боледувања и плати се само дел од проблемите кои ја прелија чашата на синдикалците од КСС. Велат дека кога се обидуваат да застанат на патот на кршењето на работничките права се соочуваат со притисоци. Затоа денеска излегоа на протест пред Собранието и пред Владата и порачаа дека е веќе доста. 

Синдикалците велат дека кршење на работничките права има во сите дејности, а притисоците најмногу ги има во јавниот сектор. 

Денешниот протест беше најавен како симболичен. А за да се испочитуваат здравствените протоколи и да нема групирање  се одвиваше со возила.