Тенис
3. April 2021 - 9:52

Синер и Хуркач ќе играат финале во Мајами

Италијанскиот 19-годишник, Јаник Синер е првиот финалист од Мастерсот во Мајами, откако се врати од сет-негатива за 5:7/6:4/6:4 победа над шпанскиот ветеран Роберто Баутиста Агут.
 
Ова е прво Мастерс 1000 финале за младиот тенисер кој го добил името по еден друг славен тениски шампион (Јаник Ноа), а со неговите 19 години и 7 месеци, тој е најмладиот финалист на Мастерс турнир по Рафа Надал во Мадрид во 2005 година.
 
Во второто полуфинале рускиот фаворит Андреј Рубљов загуби од  полското изненадување Хуберт Хуркач 2-0.