Синодот на БПЦ официјално соопшти дека ја призна МПЦ според томосот на СПЦ
– Синодот на Бугарската православна црква на својата редовна седница официјално го прифати томосот што го издаде СПЦ и нејзиниот поглавар Порфириј, со кој и беше дадена автокефалност на Македонската православна црква, јави дописникот на МИА од Софија.

Според одлуката, БПЦ изразува препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со гркојазичните и другите помесни православни цркви. Светиот синод на БПЦ на спомнувањето на имињата на поглаварите на православните цркви во својот диптих додаде дека архиепископот Стефан треба да се споменува како „блажениот Стефан Архиепископ на Северна Македонија“.
За дописникот на МИА од Софија, член на Светиот синод коментира дека БПЦ е една од првите што ја признала духовната независност на Македонската православна црква, за разлика од другите православни цркви.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
