Сириската опозиција го осуди нападот во Хомс, но смета дека зад него можеби стои режимот на Дамаск

Претставници на сириската опозиција, кои учествуваат во мировните преговори во Женева, го осудија тероризот, но нагласија оти зад нападите во Хомс можеби стои Владата во Дамаск, јави ТАСС.
Раководителот на делегацијата на сириската опозиција, Наср ал Харири ги осуди сите форми на тероризам, но додаде дека Владата во Дамаск е главен спонзор на тероризмот.
Претходно шефот на владината делегација на преговорите Башар Џафари побара од опозицијата да го осуди нападот во Хомс.
- Ги осудуваме сите терористички акти, извршени од сите терористички групи. Ако операцијата во Хомс е дело на некои од нив, јасно е што зборувам, изјави Харири.
Тој додаде дека тие „едноставно сакаат да ја задржат власта“.
- Режимот се обидува да ги блокира преговорите, предупреди тој.
Половник Фалех Хасун, друг член на опозициската делегација, изрази сомневање кој може да стои зад нападот во Хомс, посочувајќи дека само луѓе со специјален пристап можат да влезат во зоната каде беа извршени нападите.
- Тоа што се случи можам да го наречам ликвидирање на оние, кои се барани од меѓународни судови, од страна на режимот, додаде тој, нагласувајќи дека убиениот бригаден генерал беше обвинет за убиство на поранешниот либански премиер Рафик Харири, извршено во 2005 година.
Околу сто луѓе загинаа, а десетици се повредени во два одвоени самоубиствени напади на сириските бунтовници врз владините безбедносни сили во Хомс.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
