Сиси: Египет е подготвен да соработува за безбедноста на странските туристи

Египет е целосно подготвен да соработува со своите пријатели за гарантирањсе на безбедноста на странските туристи, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон во Лондон.
Сиси наведе дека британските експерти искажале задоволство од безбедносните мерки на аеродромот во Шарм ел Шејк за време на инспекцијата пред десет месеци.
Велика Британија вчера ги укина сите летови од и до Шарм ел Шејк по падот на рускиот авион во саботата. Лондон испрати и екипа во Египет, која ќе го подготви враќањето на околу 20.000 британски туристи.
Сиси посочи дека ситуацијата ќе се нормализира во најкус можен рок.
Камерон изјави дека Лондон и Каиро соработуваат во истрагата за уривањето на рускиот патнички авион над Синајски Полуостров при што загинаа 224 патници и членови на екипажот.
- Интензивно заеднички работиме во духот на блиската соработка и исклучително сум задоволен за напорите од египетските власти досега, истакна Камерон.
Ново на Сител
-

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок
-

Приведен 28-годишен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
-

Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери
-

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
