Ситуацијата повторно е алармантна – беснеат 8 пожари низ државата
Ситуацијата со огнените стихии во Македонија повторно е алармантна. По неколку мирни денови, денеска беснеат 8 опасни пожари. Најкритично е во Македонски брод, пожарот кој е активен повеќе денови и се движи кон ловиштето Јасен. Таму гори квалитетна борова шума.
Со два хеликоптери се дејствува и кај вториот опасен пожар во Кочани, кај село Главовица. Таму опожарената мешана шума од воздух ја гаснат еден полициски и еден армиски хеликоптер. Трите ер трактори прелетуваат низ демирхисарско, каде е третиот најсериозен пожар каде се гасне запалена ниска вегетација.
Пожари кои создаваат главоболка на службите се протега низ Прилеп, Старо Негоричане, Битола, Гази Баба и Липково.
Ситуацијата со пожарите се менува во текот на денот. А поради високите температури се очекува да продолжи битката со гаснењето на стихиите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар