Ситуацијата во Судан се уште неизвесна

Војниците во Судан денеска извршиле претрес во штабот на Исламското движење на суданскиот претседател Омар ел Башир во Картум, јавија некои светски агенции.
Исламското движење е главна сила на владејачката партија, а извори од Владата навеле дека Башир поднел оставка и оти во тек се консултации за формирање преодна Влада.
Според други агенции, не е јасно каде се наоѓа Башир во моментов и што точно се случува, како и дека двајца високи функционери рекле дека армијата моментално разгледува како да формира преодна Влада.
Според трети извори, суданскиот претседател отстапил од должноста и во тек се консултации за формирање приоден воен совет кој ќе ја води земјата, рекле владини извори и покраински министер.
Министерот за производство и економски ресурси во Северен Дарфур Адел Маџуб Хусеин за телевизиската мрежа Ал Хадат со седиште во Дубаи изјавил дека се водат „консултации за формирање воен совет кој ќе ја преземе власта откако претседателот Башир отстапил од должноста“.
Во исто време сведоци изјавиле дека војската во Картум ги зазела сите важни места од раните утрински часови, а на улиците се паркирани оклопни возила и тенкови.
– Вооружените сили наскоро ќе издадат важно соопштение, објави државната телевизија.
Веста следува по повеќемесечни протести во земјата.
Пред Министерството за одбрана се собрани повеќе граѓани кои извикуваат „Падна, победивме“.
Башир на власт дојде во 1989 година после преврат, а четири години подоцна САД него и неговата Влада ги ставија на список на спонзори на терористи и воведоа санкции.
Башир е обвинет и пред Меѓународниот суд во Хаг поради наводи дека извршил геноцид во Дарфур за време на бунтот во покраината во 2003 година.
Последната криза во земјата се случи минатиот викенд кога граѓаните почнаа протест пред Министерството за одбрана каде се наоѓа и резиденцијата на Башир, а во судирите кои избувнаа пред два дена меѓу демонстрантите и армијата, убиени се 11 лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
