Скандал: Директорка на училиште во Струга забранила да се пее химната на Македонија

Вчера спротивно на законот директорката на основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Струга, Албана Жута забраниела да се пее македоската химна.
На одбележувањето на патронатот основното училиште за малку бил избегнат инцидент откако директорката Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“.
Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка.
МКД.мк дознава дека на директорката ѝ било предочено дека говорот содржи исторски невистини, но таа на стручните луѓе од училиштето им кажала дека таа е директорка на училиштетот и дека ќе прави што сака.
Според информациите на МКД.мк, за денешниот инцидент веќе е поднесена кривична пријава и претставка до Државниот просветен инспекторат.
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
