Балкан
7. December 2016 - 19:51

Скапороти: Околу 150 турски офицери во НАТО се отповикани или отпуштени

Главниот командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Кертис Скапароти изјави дека приближно 150 турски офицери се отповикани или добиле отказ од Врховната команда на Алијансата по неуспешниот воен удар во Турција во јули.

Тој наведе дека е вознемирен за судбината на офицерите и нивните семејства, но оти добил уверување од Генералштабот на турската армија дека кон нив добро ќе се однесуваат.

- Таквата мерка доведе до дополнителен товар врз другите луѓе. Очигледно е дека мерката ќе влијае и врз нивната армија, посочи Скапароти.

Тој истакна дека замената на турските официри долго ќе трае и оти не верува дека тие биле вмешани во обидот за пуч.