Скијачкиот центар се ребрендира во Ресорт Маврово

Скијачкиот центар Маврово новата скијачака сезона ќе ја стартува ребрендиран како Ресорт Маврово. Според најавите од сопственикот на К.А.К. Доо и директор на Ресорт Маврово, Огњан Циговски се оечекува само температурите да паднат под нула и да почне скијачката сезона.
Тоа, како што кажа, го овозможува поставувањето на современата опрема за заснежување и правење вештачки снег на која и е потребно температурата три дена да биде под „0“ степени целзиусови за да направи доволно снег за скијање на стазите под едноседот и двоседот.

„Годинава инвестиравме во нова опрема за заснежување и правење снег на ски патеката Маврово 2 под двоседот во вредност од 600.000 евра. Стазата е проширена и е отворена и новата ски патека „52″. Тоа е целосно завршено и се чека само да падне температурата и да ја ставиме во функција. Лани, пак, ивестиравме еден милион евра во 19 шахти, девет снежни топови и четири снежни етикови под Едносед стазата со што системот за вештачки снег е во должина од речиси два километра и целосно ја покрива таа патека“, изјави Циговски и дообјасни дека со помош на Светска банка преку европските фонодови во 2020 ќе има комплетна реновација на Трифкова колиба, модерен вело парк и кружна патека со пречки врз основа на кофинасирање 50 спрема 50 отсто.
Најави дека во завршна фаза е и проширувањето на паркинг просторот пред Спорт хотел и се прави нов паркинг кај фудбалското и спорстското игралиште со што ќе се отворат нови 350 паркинг места. Останува само деновиве општината да го асфалтира новиот паркинг. Покрај тоа отворена е уште една билетарница кај овој паркинг, а билети за скијање од следниот месец ќа може онлајн да се купуваат и надополнуваат.
Ново на Сител
-

Ван Дајк: Ливерпул мора да заврши меѓу првите осум во ЛШ
-

Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција
-

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет
-

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
-

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот
-

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
-

Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност
-

Герапетритис: Грција изразува резервираност во однос на Одборот за мир на Трамп и е во консултации со ЕУ
