Скопјанец обвинет за предизвикување општа опасност со пукање од автоматски пиштол
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека го сторило кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 2 во врска со став 1, како и за кривично дело „предизвикување општа опасност“ согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетиот 24-годишник, на 2 ноември минатата година, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол ЦЗ ВЗ61 Шкорпион, како и десет куршуми за тој пиштол со калибар 7,65 милиметри.
На критичниот ден, на улица „Цветан Димов“, тој забележал едно лице и испукал неколку куршуми кон него, со што со умисла презел општо опасно дејствие и го загрозил животот и телото на оштетениот. Во настанот биле оштетени три паркирани моторни возила.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка