Скопјанец осомничен за неовластено држење и продажба на марихуана
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот 22-годишен скопјанец, во домот во кој живеел во населбата Радишани, на 24 јуни, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 534,59 грама, спакувана во 11 најлонски пакувања со различна грамажа. Дрогата била пронајдена при претрес извршен во неговата соба, при што била одземена и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
– Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие