Loading Video...
Ракомет
4. November 2022 - 20:14

Скопје подготвено за стартот на ЕП во ракомет (ж)

Македонија  е кодомаќин на 15. ЕП во ракомет за жени што  официјално стартуваше денеска. 

Првата средба во Скопје се игра утре во 18ч во СЦ Борис Трајковски кога нашите девојки ќе се спротистават на селекцијата на Франција. 

На свечената прес конференција  претседателот на РФМ Живко Мукаетов посака љубителите на ракомет што помасовно да дојдат во СЦ Борис Трајковски да уживаат во ракометните доживувања. 

Во групата со Македонија се уште и селекциите на Франција, Холандија и Романија.