Македонија
9. July 2020 - 16:41

Слаб интерес за гласање од изолација, само 742 лица пријавени за гласање

742 граѓани кои се позитивни на Ковид-19 или се во изолација сакаат да го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори во понеделник, покажуваат податоците на ДИК. Според оваа бројка, интересот е мал, со оглед на фактот дека во земјава околу 5000 лица се на домашно лекување или имаат решение за изолација.

Право на глас нема да имаат оние граѓани кои од денеска ќе добијат решение за изолација.

Во однос на болните и изнемоштени лица, на еден ден пред изборите, односно вторник, се пријавиле да гласаат 9465 граѓани.

Сепак последниот збор, за тоа колку точно граѓани ќе гласаат во овие два дена, ќе го имаат општинските изборни комисии.

Од ДИК апелираат здравствените работниците кои треба да асистираат во домовите на болните од вирусот, сериозно да ги сфатат работите. Ова следи откако голем број од медицинските лица побарале да бидат иззмени од избирачкиот процес.

 До сега над 80 здравстевни работници се изземени од посебните избирачки одбори.