Следи клучна недела за договор за брегзит

Европската унија и Велика Британија од утре ја почнуваат последната рунда трговски разговори по неколку месеци неуспех, надевајќи се дека ќе се договорат за нацрт за идните односи.
– Оваа недела мора да се направи напредок во преговорите за Брегзит, изјави британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис.
– Ова мора да биде недела во која работите ќе се покренат кога ќе разложиме некои од овие тешки прашања, ќе ги решиме и ќе добиеме скици на договор, рече Јустис за Скај њуз.
– Во спротивно, ќе биде тешко и ќе почнеме да остануваме без време, додаде Јустис.
Ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковени, за истата телевизиска станица изјави дека договорот за Брегзит е „многу тешко да се постигне, но сепак е многу можен“.
-Времето истекува, изјави Ковени за Скај Њуз.
Британците ја напуштија ЕУ во јануари, но економските последици од разводот нема да се почувствуваат до крајот на годината, кога ќе заврши преодниот рок.
Велика Британија драматично го заврши своето 47-годишно членство во ЕУ по референдумот во 2016 година, прекинувајќи ги затегнатите односи обележани со евроскептицизам, особено кај постарите гласачи. Односите меѓу Лондон и Брисел сега можат да се регулираат со трговски договор, но само ако тековните преговори вроди со плод, што не е веројатно во моментов поради големи несогласувања.
Официјални лица од двете страни сметаат дека видео конференцијата, што ќе се одржи в четврток, е последната шанса за напредок. Тоа им дава на европскиот преговарач Мишел Барние и неговиот британски колега Дејвид Фрост само четири дена да ги решат споровите што не напредувале од март.
Доколку тоа се случи, Европскиот парламент ќе има многу време да го ратификува договорот до крајот на годината.
– Логиката и разумот укажуваат на договор, смета дипломат од ЕУ запознат со преговорите.
– Но, ако нешто стана јасно во последните три години, кога станува збор за Брегзит, економската рационалност и чистата логика не се доволни за да се објасни што се случува, додаде дипломатот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
