Loading Video...
Ракомет
1. August 2022 - 12:19

Слободен ден за младите македонски ракометарки на СП во Скопје

Јуниорската женска репрезентација на Македонија денеска има слободен ден на СП за ракометарки што се одржува во Скопје.
 
По двете убедливи победи над Сенегал и вчеравечер над Узбекистан, избраничките на селекторот Љупчо Савески веќе го обезбедија своето место во главната фаза на Мундијалот. 
 
Утре, празнично, тие ќе го одиграат последниот натпревар во првата фаза, а противник ќе биде селекцијата на Иран која како и нашата репрезентација досега оствари две победи.
 
Затоа утрешниот меч, е од големо значење бидејќи со победа нашите ракометарки во втората фаза ќе пренесат и бодови. 
 
А во неа за противнички ќе ги имаат имаат двете првопласирани селекции од А конкуренцијата во која битка водат Црна Гора, Исланд и Шведска кои имаат по три односно два бода, па утрешните натпревари од последното 3.коло ќе решат кои две селекции ќе се пласираат во втората фаза.