Македонија
20. January 2016 - 8:47

Слободните здравствени зони на собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство и за европски прашања и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисија за здравство се Предлог-законот за слободните здравствени зони и Предлог - закон за медицинските сестри и акушерките, двата во прво читање. 

Предлог - законот за медицинските сестри и акушерките, во прво читање е на дневен ред и на Комисијата за европски прашања. 

Овие закони ќе бидат разгледувани и на Законодавно правната комисија.