Македонија
7. December 2023 - 18:49

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде што има и магла со видливост до 30 метри. Врнежи со послаб интезитет имаме на Попова Шапка, Маврово, Стража, Страцин, Македонски Брод, Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.