Loading Video...
Свет
11. January 2021 - 16:47

Снег и поплави во делови на Балканот

Снег и поплави во делови на Балканот. Снежните врнежи и лизгавиот коловоз предизвикаа сообраќајна несреќа во Хрватска. 8 лица се повредени кога автобусот со кој се превезувале излетал од патот и се превртел  во близина на Загреб. Снегот прави проблеми и во централна Србија. Зимските служби се на терен. Интензивно се работи на чистење на снегот од улиците и патиштата. Во јужниот дел на Србија  поројните дождови предизвикаа големи поплави и пробеми во снабдувањето со електрична енергија. Многу улици и куќи се под вода. Слично е во  Албанија. Најтешка е состојбата во Скадар,Драч и Леж. На  помош е испратена и војската. 40 семејства се евакуирани  поради поплавите. Многу куки се сериозни оштетени а има и патишта што се блокирани поради лизгање на земјиштето. Според министерството за одбрана, до некои села може да се дојде само со воени камиони или чамци. Според премиерот Рама следните часови ќе бидат најкритични.

Во претставничкиот дом во САД најверојатно утре ќе се гласа за резолуција со која од потпретседателот Мајк Пенс ќе се бара  да се повика на  25 –тиот амандам за смена  на Доналд Трамп. Доколку Пенс не постапи ,демократите  ќе почнат постапка за импичмент рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси . По минатонеделниот насилен упад од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп во Конгресот, градоначалничката на Вашингтон сака  да бидат воведени  дополнителни безбедносни мерки за време на инагуарацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари.

Откако на почетокот на овој месец тим на СЗО беше спречен да пристингне во Вухан со цел да ги истражи потеклото на Ковид-19, конечно на 14 јануари експертите ќе имаат  можност да истражуваат  во Кина. Со кинески научници нашите експерти  ќе спроведат заедничко истражување за потеклото на ковид-19“,објави првиот човек на СЗО. Бројот на потврдените случаи на зараза со коронавирусот  во светот ја надмина бројката од 88,38 милиони а 1,92 милиони  луѓе починале.