Снег во Пијанечко-малешевскиот регион
Пијанец и Малешевијата се под нова снежна покривка. Поради тоа сообраќајот на локалните и регионалните патишта од утрово се одвиваше отежнато, но посериозни проблеми, како што информираа од подружницата на ЈП „Македонија пат“ не се забележани.
-Како резултат на ладна воздушна маса околу 5 часот утрово имавме доста лед по коловозите. Наши екипи со механизација интервенираа со посипување на потребната количина сол. Долж патните правци Делчево - Пехчево - Берово, патот до граничен премин Делчево, село Разловци, како и други помали патишта под наша надлежност немаме јавувања за проблеми, информираа од подружницата на „Македоднија пат“.
Оттаму апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајна сигнализација и условите на патот.
Снежната покривка во Пијанечко-малешевскиот предел е особено изразена на повисоките места во селските средини, а со помал интензитет и во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година