-->
-->
Со автомобил уби шестмина, во судницата леела солзи и молела за прошка: Само да можев го вратам времето...
-->
Алиона Зајачева (20), наследничка на украинскиот олигарх, со својот лускузен автомобил усмртила шест лица на пешачки премин. На судењето кое е во тек раскажала пред семејствата на жртвите и рекла дека е подготвена да се соочи со казната.
- Ве молам да ми простите, знам дека тоа нема да промени ништо, но ве молам просетет ми ако можете, ги замолила расплаканата Алиона и продолжила:
- Секој ден се молам за жртвите, да можам некако да го вратам времето, тоа би го направила. Повеќе никогаш нема да седнам да возам автомобил, рекла таа.
Ја обвиниле дека се дрогира
- Девојката која помина два месеци во притвор ги демантирала шпекулациите дека е зависна од дрога и дека во моментот на несреќата била под влијание на дрога.
- Се што сум земала, биле апчиња против болки кои ги добив на рецепта. Знам дека сите мислат дека се дрогирам, но не сакам така луѓето да мислат дека сум зависничка, вели Алиона.
Нејзиниот богат татко Васил (61) на неколку семејства на жртвите им исплатил оштета, и ги замолил за прошка.
- На колена ги молам семејствата на загинатите да и простат на мојата ќерка.
Но една од повредените, Окасана Берченоко (27) која неодамна се разбудила од кома. Вели дека во несреќата го изгубила сопругот Александар (27) и сестрата Дијана (22). На останатите семејства на жртвите им испратила порака да не ја прифаќаат финансиската компензација која ја нуди таткото на Алиона, пишува The Sun.
Не сакам пари, ние не сме кучиња па да ни фрлаат коски
- Со оглед на украинското судство кое доста корумпирано, Оксан а повикала на фер пресуда која се очекува идната година.
- Мојот среќен живот се претвори во најголем ноќен кошмар. Имам длабоки лузни на улица, лузни на главата и телото.
Мајката на загинатиот Александар, Светлана збеснала кога видела дека не нејзината сметка биле уплатени 14.000 куни.
- Тоа ќе го вратам. Тие мислат дека сме кучиња па ќе ни фрлаат коски, вели Светлана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата