Со автомобил влетал во училиштен двор во Дебар – повредено дете
Против жител на селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поднесена е кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.
-Одделението за внатрешни работи – Дебар, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против Б.А.(20) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додава дека Б.А. на 23 минатиот месец во 21:50 часот, со патничко возило „Опел Астра“, влегол во училиштен двор, каде имало повеќе деца и удрил во статива на спортското игралиште.
Според Димоски, стативата се поместила и притоа повредила едно малолетно лице од Пешкопеја, Република Албанија.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024