Македонија
1. December 2020 - 13:12

Со блокада на улиците ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев

Пред Министерството за надворешни работи почна протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ, на кој се изразува незадоволство од владините политики во преговорите со Бугарија.

Се бара оставка од премиерот Заев, поради, како што велат од опозицијата, распродажбата на националниот идентитет од страна на Заев. Колоната со автомобили од МНР ќе се упати кон Владата од каде што ќе бидат упатени главните пораки од протестот.

 

Горан Симоновски