Македонија
30. October 2020 - 12:24

Со изградба на таложник на реката Сатеска до заштита на Охридското Езеро

Преку изградба на таложник по течението на реката Сатеска ќе се намали загадувањето на Охридското Езеро .Новата разделна градба кај Волино ќе спречи да се влеваат големи количини нанос и отпад. Добрите познавачи велат дека штетите што ги прави Сатеска по растителниот и животинскиот свет и биодиверзитетот во езерото се катастрофални па поради тоа во иднина мора да се преземат итни чекори за пренасочување на Сатеска во старото корито.

Чистењето на коритото на реката Црн Дрим пак ќе овозможи подобар проток и намалување на ризикот од поплави.

Во 1961 година реката Сатеска беше пренасочена од нејзиното природно корито и наместо да се влева во реката Црн Дрим таа се слева во Охридското Езеро и години наназад со себе носи тони ѓубре.

Инаку токму и една од препораките на Унеско Охрид да не се најде на листат на загрозени подрачја е заштитата на Охридското Езеро.