Македонија
8. October 2026 - 16:29

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти

Четири до пет месеци се чека за пет скен. Еден до два месеци за читање на резулта тод комјутерска томографија

Низ ова патешествие со години поминуваат илјадници онколошки пациенти. Немањето термини но и чекањето со саати за преглед и терапија се сериозните проблеми со кои се соочуваат секојдневно покрај дијагнозата за која се на клиника. И денеска пред Онкологија затекнавме пациенти кои кажаа колку е тешко да бидеш лице со малигна болест. 

- Еден пет скен за толку болни од рак, што месеците им се избројани, деновите.

- Да се отвори Онкологија и на друго место а не цела Македонија овде да биде, здрав да дојде овде ќе се разболи а не болниот, реагираат пациенти. 

Пациенти од Велес, Куманово, Делчево стигнуваат на Клинички уште во 6 наутро прво за да најат паркинг место а потоа цел ден го поминуваат на Онкологија додека завршат со терапија. 

- Ние како болни многу ни е поблем, ама што да правиме, борба за живот. 

За овие долгогодишни проблеми за кои неколку министри за здравство најавуваа решенија но без епилог, од Клиниката и од здружението Хема Онко велат дека прават напори за подобрување на состојбите. 

- Во однос на дисперзијата функционираљ делумно како специјалистичко консултативна дејност во ГОБ 8-ми септември, а и годинава продолжува онколог од клиниката оди во клиничката болница во Битола, вели проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиника за Онкологија. 

- Нашата цел е да се постигне што повеќе терапија, да се реши проблемот со дијагностиката бидејќи е сериозен проблем за онколошките пациенти кои не можат навремено да ги добијат термините и се принудени на приватно, што не е добро, вели Ана Марјановиќ, од ХЕМА-ОНКО.

Од ХЕМА-ОНКО денеска организираа појадок на Онкологија во месецот посветен за зголемување на свесноста од рак на дојка. Од оваа малигна болест лани имало 1000 новодијагностицирани а 7000 се на третман на клиниката.