Македонија
19. October 2020 - 16:49

Со партиски пари Груевски си купувал имот на Водно, уапсен неговиот кум, осомничени и бизнисмени

Поранешниот премиер Никола Груевски е осомничен за перење пари.. Според истрагата на обвинителството за гонење организиран криминал, присвоил 1 милион и 300 илјади евра од донации за партијата со кои купил парцела на Водно. Во тоа според обвинителството му помогнале неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Мијалков, Камчев и Јосифовиќ.

„Пари кои му  биле доверени во работата како претседател на една политичка партија ги присвоил за себе со тоа што донации од физички и правни лица не ги пријавувал во извештаите а тие воопшто не со во списокот на донатори а донирале средства за партијата“, изјави Вилма Рускоска, Јавен обвинител.

Од обвинителството велат дека парцелата со површина од 11 илјади метри квадратни, Груевски ја купил со помош на офшор фирма од Белизе управувана од неговиот кум. По објавување на таканаречените бомби за случајот, Новачевски ја префрил сопственоста на останатите осомничени.. Тие за како што велат од обвинителството за да ја прикријат сопственоста, парцелата ја поделиле и префрлиле на физички лица. За случајот притвор во траење од еден месец доби Новачевски, за останатите не се побарани мерки за обезбедување.

„Со оглед на близината со првоосомничениот, до сега за ова лице немало никаква постапка. Обвинителството смета дека постојат реални основи да се даде во бегство. 

До сега нив им се ставаат на товар и други кривични дела кои исто така се многу сериозни  па немаше никаков обид да не ги почитуваат мерките. Од тие причини обвинителството сметаше и дека доколку даде предлог за притвор и за другите осомничени дека судот нема тоа да го прифати“, изјави Рускоска.

Истрагата за парцелата на Водно е предмет кој го отворило СЈО, појаснуваат од обвинителството. Најавиа дека и за овој случај ќе побараат екстрадиција на Груевски од Унгарија.