Со пурпена запечатен автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева | ФОТО

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на својот Фејсбук профил објави фотографија од својот паркиран автомобил кој бил запечатен со пур пена, пред зградата во која што живее во Аеродром.
На фотографијата може да се види дека двете врати на автомобилот, како и хаубата се пополнети со пур пена, цврст материјал кој практично оневозможува да се отворат вратите и хаубата.
По ваквиот инцидент, Јанчева му се обрати на новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, посочувајќи му дека безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена.
„Вака ли мои сограѓани во Европа. Со заплашување? Почнавте со чкртање…утрово ова? Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Тимчо Муцунски, безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена“, наведува Јанчева.

Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
