Македонија
12. December 2019 - 16:55

Собранието блокирано со амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Собранието предизборно затрупано со купишта амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Двете партии поднесоа вкупно над 6.000 амандмани на зимените на Изборниот законик, од нив 5.000 се од ДУИ а над 1000 се од опозицијата.

950 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесе и на Законот за Академија на судии и јавни обвинители, а илајдници амандмани има и на законот за јавнообвинителска дејсност. Милошоски тврди дека со овие закони власта се обидува да обезбеди свои судии и обвинители, а и незаконски да го реши статусот на СЈО. Останува на барањето на анкетна комисија за финансиското работење на ова обвинителство.

За СДСМ ова е блокада на демократијата.

Извори од СДСМ брифираат дека наскоро ќе биде поднесен и нов закон за обвинителство.

За премирот Заев последните неколку кратни однесувања на ДУИ спротивни од СДСМ се во контекст на предизборието. Вели владата функцинира добро.

Измените на изборниот законик за една изборна единица и отворени листи, како и законите од правосудството се дел од тековната пленарна седница.