Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
Собранието во петок експресно ќе организира јавна расправа за поголема безедноста на граѓаните во собрааќајот откако во средата на булеварот Партизански одреди беше прегазена 22-годишната девојка од Неготино. Иницијативата, поради зачестените сообраќајни незгоди од несовесно учество во сообраќајот, ја поднесоа од владејачките ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Од јавната расправа, врз основа на експертски и граѓански мислења и искуствата на МВР, обвинителството и судовите треба да проилезат законски измени.
Јавната расправа доби официјална поддршка и од опозициските Левица и Европски фронт.
Пратениците на опозицската СДСМ не беа присутни на денешната Комисија, но во телефонски разговор за Сител координаторот Спасовски рече дека за нив е прифатливо да се дебатира за безбедноста во сообраќајот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар