Собранието утре ќе ја продолжи шестата седница

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на шестата седница расправаше по Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. Седницата продолжува утре во 11 часот.
Омбудсманот Иџет Мемети во образложението посочи дека новиот Закон за Народниот правобранител не ги оствари во целост потребите за финансиска независност на оваа инситуцијата, ниту во него беа вградени препораките на Прибе.
Мемети рече дека во Извештајот на Прибе имало неколку клучни препораки што ќе овозможат подобрување на работата на институцијата Народен правобранител. Една од клучните препораки било воведување казни за тие што ја попречуваат работата на народниот правобранител, но и формирање ад хок анкетни комисии за предмети и случаи што би ги покренувала оваа институција.
Додаде дека Македонија се уште од формално-правен аспект нема создадено услови да има национална институција Народен правобранител која ќе работи со полн капацитет за промоција и заштита на човековите слободи и права.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по обраќањето на Мемети побара пауза од еден час за да ги разгледаат стенограмите од говорот. Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза. По завршувањето на паузата нова пауза побара Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за повторно да ги разагледаат стенограмите, по што претседателот Џафери повторно даде пауза од половина час. Откако почна продолжението на седницата Илиоски побара народниот правобранител да им се извини на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а неговиот сопартиец Димитар Стевананџија побара нова пауза од еден час за да ги видат претениците стенограмите од обраќањето на Мемети. На тоа регираше претседателот на Собранието Џафери кој посочи дека е јасна намерата на ВМРО-ДПМНЕ со формирањето на десете пратенички групи и постојаното барање од нивните координатори за пауза и ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.
Претходно пратениците го избра Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Глигоров е избран со 61 глас „за“ и еден „воздржан“, без присуство на пратениците на опозицијата.
На дневен ред на оваа седница, меѓу другото, е и точката за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
