Македонија
14. November 2019 - 10:38

Собраниска делегација на собир на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Во Делемон, Швајцарија, денеска и утре ќе се одржи Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува Џеват Адеми, претседател и Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Како што информира собраниската прес-служба, на учесниците на оваа конференција ќе им се обрати Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата, Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), Пјер Андре Конт, претседател на Секцијата на Јура во ПСФ, Давид Ере, министер и претставник на Владата на Јура, Габриел Вуарол, претседател на Парламентот на Јура и други личности и експерти.

Работниот дел на сесисјата ќе се организира во две панелни дискусии. Во првиот панел ќе се дебатира за Правото на самоопределевување на народите како правен принцип: состојбата во Европа, додека во вториот панел ќе се дебатира за Дирекната демократија и граѓанската иницијатива во процесот на донесување на закони. За овие теми на учесниците со нивни излагања ќе им се обратат бројни експерти од соодветните области.