Македонија
24. August 2024 - 8:52

Сончево и многу топло, температурата 39 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и  со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Синоптичарите најавуваат дека од утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.