Македонија
20. October 2019 - 8:21

Сончево и топло со слаб ветер од јужен правец

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од четири до 14, а  дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.