Сончево и топло, со температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, која ќе се зголемува попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од 14 до 25 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален дожд.
Минималната температура ќе биде од нула до шест степени, а максималната температура од 15 до 22 степени.
Ќе следи променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Во вторник ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе биде од два до осум степени, а максималната температура од 15 до 22 степени.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
