Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните западни и јужни делови од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, дневната од 26 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Во следните два дена во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во петок и во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.
Ново на Сител
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
