Македонија
2. February 2023 - 8:20

Сончево со мала облачност, попладне локални врнежи претежно од снег

Времето денес во Македонија ќе бдие претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет.

Утринската температура се движи од минус 7 на повисоките места на западот, до 0 Целзиусови степени, додека максиналните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 2 и 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта најавени се врнежи од дожд и снег.