Македонија
24. September 2020 - 12:38

СОНК: Училиштата со многу проблеми пред стартот на учебната година

На само неклку дена пред стартот на новата учебна година дел сеуште голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средтва за да одржуваат онлајн настава, велат од СОНК. Од синдикатот велат дека тие ќе се залагаат да им помогнат на властите да обезбедат коректни услови за да можат децата да следат настава.

Министерката за образование Царовска вели дека времето е кратко за сите работи, но дека ова е вонредна состојба поради која предизвици има и ќе има.

Царовска вели дека ако едно дете седум дена не следело онлајн настава и ако неговите родители не се достапни ќе се праќаат посебни екипи за да се утврди што точно се случува со семејството.

Инаку од први октомври само четири училишта ќе можат да  ги отворат вратите за учениците.