Сообраќајка утрово кај Велес: 4 лица повредени
Четири лица се полесно повредени во директен судар меѓу две патнички возила со скопски регистерски таблички што се случи изутрината во седум часот кај месноста викана Ѓубриште на Штипска клучка во близина на Велес.
Како што информира за МИА Димитар Каракулев портпарол на СВР Велес, несреќата се случила кога едно од возилата преминало на спротивната коловозна лента и дирекно удрило во другото возило.
Увид на местото на настанот врши екипа на СВР Велес и Основното јавно обвинителство од Велес.
Марина Андова, портпарол на велешката Општа болница, информира дека сите четворица повредени сo возило на итна помош околу осум часот биле донесени во болницата.
– Сите четворица со иницијали М.З роден 1996, И.С.роден 1977 и Ј.Б и Б.З беа прегледани од хирургот трауматолог д-р Филип Тодоровски, по што беа упатени на рентген снимање при што се констатирани полесни телесни повреди – нагмечувања. Заради превентивни здраствени мерки сите четворица се задржани на опсервација на хирушкото одделение во болницата, информира Андова.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион