Македонија
7. December 2018 - 19:11

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, загина пешак

Пешак во Куманово, загина откако во него удрил автомобил „тојота јарис“ со скопски регистарски таблички, соопшти  МВР.

Сообраќајната несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на излез од Куманово.

Полицијата врши увид, а од 17 часот овој патен правец е затворен за сообраќај.