Македонија
19. March 2023 - 8:33

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, на ден 20.03.2023 понеделник, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница - мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес - Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше). 

Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.